More

    Бела Јоланда Монтоја Тапија се разбудила во мртовечки ковчег во петокот, пред своето вџашено семејство

    spot_img

    Бела Јоланда Монтоја Тапија (76) се разбудила во мртовечки ковчег во петокот, пред своето вџашено семејство, јавуваат медиумите во Еквадор.

    Жената била прогласена за мртва тој ден околу пладне, околу 3 часа откако била донесена во болница. Нејзиното тело му било вратено на нејзиниот син околу 16 часот, за да го организира погребот.

    Но, некаде околу 19 часот, токму кога семејството се подготвувало да се пресоблече „покојната“, кој претходните 4 часа ги поминала во мртовечки ковчег, Монтоја Тапија почнала да дава знаци на живот.

    „Мајка ми почна да ја движи левата рака, отворајќи ги очите и устата“, раскажува нејзиниот син Гилберт Балберан.

    Зачудените соседи веднаш повикале брза помош, а благодарение на брзата акција на началникот на локалната општинска противпожарна служба, жената итно е пренесена назад во болницата.

    Бела Монтоја страдала од хипертензија и проблеми со срцето, а локалните медиуми јавуваат дека во петокот наутро завршила во болница поради мозочен удар.

    Од Министерството за јавно здравје во неделата потврдија дека жената е на одделението за интензивна нега.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img