Манекенката Бела Хадид (26) откри детали за својата борба со лајмската болест, која првенствено ја зафаќа кожата, а потоа срцето, зглобовите и централниот нервен систем.
Таа најпрвин навела дека помладата нејзина верзија би била многу горда затоа што никогаш не се откажала и ѝ се заблагодарила на нејзината мајка што ги чувала сите медицински наоди, секогаш била покрај неа, ја штитела, ја поддржувала и верувала во неа.
„Животот во оваа состојба, која со текот на времето се влошуваше и работата да се направам себеси горда како и моето семејство и луѓето околу мене, го зеде својот данок на многу начини кои сè уште не можам да ги објаснам. Најпрвин, сакам да ви кажам дека сум добро и да не се грижите. Второ, не би менувала ништо. Да требаше да го направам сето ова одново за да дојдам до овој момент каде што сум сега, конечно здрава, ќе го направев пак. Тоа ме направи личноста која што сум денес“, објави Бела.
Манекенката им пружила поддршка на сите оние кои моментално проаѓаат низ ваква состојба.
„100 + дена хронична лајмска болест, лекување на коинфекции, речиси 15 години невидливо страдање, сето тоа вредеше ако можам, со Божја волја, да имам живот исполнет со љубов и прилика за првпат да бидам тоа што навистина сум“, напишала Хадид на Инстаграм.
Додала и дека се обидела да ги одбере најдобрите фотографии. Иако ова искуство било болно, исходот е најдобриот затоа што ова поглавје од нејзиниот живот е исполнето со нови пријатели, нови визии и „нов мозок“.
„Ќе се вратам кога ќе бидам подготвена. Сите многу ми недостасувате. Ве сакам“, напишала Бела.
Инаку, болеста на почетокот на 2023 година состојбата и се влошила. Таа поминала низ дополнителни болки по итна операција на вилицата бидејќи инфекцијата го зафатила забот кој требало да се извади.