Бектеши вчера ги нападна новинарите кои му поставуваа прашања, а денеска кажа дека било недоразбирање

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ѝ се извини на новинарката од Канал 5 телевизија Катерина Капоска по реакциите во јавноста за неговиот одговор на прашањето што му го упати таа вчера на прес-конференција во Владата.

Во пишана изјава до медиумите, Бектеши посочува дека при секојдневното соочување со новинарите, може да дојде и до недоразбирања.

„Несомнено е дека новинарите имаат клучна улога во нашето општество, нивниот придонес и работа е многу важен во најефикасното и најтранспарентното функционирање на државните институции. Но, при нашата транспарентност, при секојдневното соочување со новинарите за прашањата за кои сме и надлежни, може да дојде и до недоразбирања во различни ситуации. Од ваков карактер беше и вчерашниот случај со новинарката Катерина Капкоска, на која лично ѝ се извинувам доколку без намера ја навредив“, стои во изјавата на министерот Бектеши.

Во однос на Телевизија Телма, пишува Бектеши, имам огромна почит за нивните професионални новинари, но нема да дозволиме преку конфликт на интерес да потпаднеме под притисок на компанијата Макпетрол која се обидува да задржи монопол на пазарот, на штета на граѓаните.

– Во спротивно, горди сме што се либерализираше пазарот на природен гас во државата, одлука која е во интерес на стопанството и на граѓаните, што за жал не е направено од осамостојувањето на државата – вели Бектеши.

Капкоска вчера го праша Бектеши дали не беше избрзана одлуката на ЕСМ за склучување месечен договор за набавка на гас по фиксна цена од 98 евра кога на берзата цената е многу пониска, но и со оглед дека „Макпетрол“ вчера објавил дека цената на гасот за февруари е 40 отсто пониска од онаа за јануари, а Бектеши најпрво ѝ одговори дека веројатно има добра соработка со колегите.

– Добра соработка веројатно имате со колегите, ви ги даваат нивните прашања што сакаат да ги постават, но нема проблем, тука сум и секогаш отворен транспарентно да одговорам – рече Бектеши.

На тоа реагираше новинарот од Телма кој присуствуваше на прес-конференцијата, на што Бектеши посочи дека „не е место тука да се даваат коментари или да се поставуваат прашања“.

– Не сте тука повикани да давате коментари или да поставувате прашања. Ако мислите дека во прес-центарот може да давате коментари, тоа може да го направите во вашите емисии, не е тука местото да се дебатира, туку да се поставуваат прашања, а наше е да одговориме и како сакаме да одговориме – рече Бектеши кој сепак потоа јавно се извини.

- Advertisement -
Ad image

По прес-конференцијата уследија реакции и од Македонската медиумска асоцијација, Здружението на новинари и Синдикатот на новинари и медиумски работници.

Share This Article