Бектеши убедува дека компаниите имаат доволно залихи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во земјава нема проблем во делот со снабдување и производство на масло за јадење. Редовно сме во комуникација со трите наши домашни производители на масло за јадење и ако е потребно ќе донесеме дополнителни мерки со цел да го ублажиме притисокот во делот на зголемување на цените, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Според него, има одредени покачувања на малопродажните цени на маслото за јадење поради зголемувањето на цените на суровото масло на берзите.

– За основните прехранбени производи како Влада веќе донесовме одлука во делот на намалување на ДДВ-то од 5 на 0 отсто, а правиме и други мерки за утврдување на одредени количини кои преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство би можело да бидат субвенционирани за нашите производители – рече Бектеши.

Бектеши информира дека производителите на масло за јадење имаат соодветни резерви и редовно ги снабдуваат сите трговци на мало со масло за јадење.

– Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) редовно врши контрола и согласно законските прописи и врз основа на одлуките донесени од Владата веднаш ќе постапат и ќе се преземат соодветни мерки  во случај трговците на мало да биле снабдени, а на нивните полици нема масло за јадење. Доколку тие чуваат резерви тоа е спротивно на одлуката на Владата и спротивно на Законот за заштита на потрошувачите и секако дека ДПИ има законско право да направи проверка и да донесе соодветни мерки – рече Бектеши.

Share This Article