More

    Бектеши тврди дека има правна основа за барање отштета

    spot_img

    Ние не ја оспоруваме воведената такса, туку количините кои ги загарантирала Бугарија за „Гаспром“ во однос на гасоводот со Македонија. Количините кои ги закупил „Гаспром“ од бугарската страна до 2030 година, немаат врска со воведување на таксата, изјави денеска министерот за економија, Крешник Бектеши коментирајќи ја изјавата на бугарскиот министер за финансии во кој тој обвини дека земјава е против таксата.

    Бектеши појасни дека земјава бара да се ослободат потребните количини на природен гас за да може да се обезбедат од други извори, како што тоа се направи лани кога се ослободија 180 милиони нормални метри кубни со гас кои се обезбедуваат од Азербејџан и  со телен гас (ЛНГ) од САД.

    -Ние мислиме дека сме уценети. Бугарскиот министер не зборува за процедурални работи и обврски кои ги има Бугарија кон ЕК во делот на издавање на закупи преку аукции. Тоа е работа на „Бугартрансгас“ и Министерството за енергетика во Бугарија – рече Бектеши.

    Во делот на оштетата и споровите кои ние би ги почнале Бектеши рече дека имаме правна основа во потпишаните договори со Европската енергетска заедница и со Бугарија.

    Тој информира дека досега само ЕСМ има добиено писмо од „Бугартрансгас“ во кое се бара да каже од кој извор на гас се снабдува.

    -Како да не знаат чиј гас минува низ нивна територија – прокоментира Бектеши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img