Бектеши: Септемвриските цени нема да бидат референтни за намалувањето од 10%

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва изјави дека најавеното намалувањето на цените на одредени производи нема да биде од септемвриските и августовските цени туку од други месеци кога, како што вели имало пристојни цени. Бектеши најави дека следната недела во Собранието ќе биде доставено ново законско решение за нефер трговски практики.

– Ниеден од трговците не знае кој ќе биде референтен датум, и со кои цени ќе се донесе одлуката во вторник во делот на намалување на цените на основните прехрамбени производи. Екслузивно можам да кажам дека нема да биде датум и цена која била во текот на септември оваа година, но и од месец август – рече Бектеши во емисијата ВинВин на ТВ Телма.

Министерот вели дека намалувањето на 10% на цените ќе биде од месеци кога  имало пристојни цени и оти на тие цени ќе треба да се направи намалување од 10%. Тоа денеска им било објаснето на сите ланци на супермаркети.

Бектеши соопшти дека ќе бидат земени предвид цени од месеци од оваа година кога важеле одредени мерки кога Владата се откажала од одредени давачки.

– Цените од септември нема да бидат референтни во делот на намалувањето од минимум 10%. Значи ако во март, да го земеме како пример, цената била 100 денари и во септември била 150 денари, реферетна цена во намалувањето ќе биде 100 денари, нема да биде 150 денари. И врз тие 100 денари треба да има минимум намалување од 10% –  појасни Бектеши.

Министерот рече дека со одлуката ќе се овозможи намалување на цените на 50-тина производи, но не само од 10%,  туку доколку се процени дека цените биле енормно зголемени, намалувањето може да биде и 15%. Бектеши најави дека на неделна база ќе се следат сите движења на цените, посебно во прехранбената индустрија.

Ова, како што кажа Бектеши е само прв чекор. Со ова не се предвидени безалкохолните, алкохолните и хигинеските производи.

Министерот изрази разочарување од работата на Државната комисија за конкуренција за која кажа дека при енормно зголемување на цените не реагирале и не направиле никакво истражување на пазарот или истрага. Најави дека во вторник на Државниот пазарен инспекторат ќе им се прошират ингеренциите.

Во дебатната емисија соговорник на Бектеши беше потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска која рече дека за Законот за нефер трговски практики зборувале на почетокот на годината токму таа и Бектеши и оти уште тогаш таа кажала дека тоа е една од причините поради кои имаме повисока инфлација од таа која можеби би требало да ја имаме.

- Advertisement -
Ad image

– Еве еден пример како ние доцниме со сѐ, кај нас инфлацијата се случува токму како резултат на тоа што ние во континуитет влечеме проблеми од некои или погрешни одлуки од некој минат период, истакна, меѓу другото, Димитриеска Кочоска.

Share This Article