Бектеши најави затворање на фирми, ако тие не се придржуваат на последната одлука за намалени маржи и користат нечесни практики

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за економија Крешник Бектеши најави затворање на фирми, ако тие не се придржуваат на последната одлука за намалени маржи и користат нечесни практики. Тој смета дека не е етички да има маржа од 15 отсто за одредени производи во време на ваква криза.

-Очекувавме дека според договорите со Стопанските комори компаниите веќе се навикнати на профитни маржи од 4 отсто или 5 отсто. Но, во дел од трошоците – на масло за јадење на пример, 7-8 денари се плаќа за рабат кон супермаркетите. Сега Владата ја укина оваа можност и за супермаркетите и за увозниците. Побарав да се прават секојдневни контроли не само на заштитетните производи туку и на другите производи. За мене е злоупотреба синџирите на маркети да имаат профит од 30 отсто во ваква криза – рече Бектеши во гостување на „Утрински брифинг“.
Тој најави дека Владата на следната седница ќе се усвои нови измени на Предлог закон за заштита на потрошувачите, во кој меѓу другото се предвидуваат казни до 5.000 евра, за сите компаниите кои користат нечесни практики. Со законот се утврдува кои трговски практики се чесни, а кои нечесни.

– Има компании кои заработуваат и по 80 отсто на одредени производи и им се исплаќа да платат казна и да продолжат со истата нечесна практика. Сега веќе, со новото решение ќе се соочат и со друг тип на казни, ќе има затворање на компании, јавно ќе ги обравиме компаниите, а ќе има и забрана за вршење дејност – рече Бекетеши

Share This Article