Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека 7 супермаркети се казнети бидејќи не ги почитувале владините мерки.
Тој рече дека инспекторите се на терен и ќе казнуваат, ако трговците продолжат да не ги почитуваат одлуките.
– Во однос на прекршоците минатата недела ДПИ утврди неколку прекршоци во Скопје во неколку поголеми супермаркети кои се казнети. Се работи за 7 супермаркети кои согласно прекршоците се казнети со по 7.000 евра за непочитување на одлуките – рече Бектеши.
Имајќи го во предвид извештајот на ДПИ, Министерство за економија прати допис до Инспекторатот да го применуваат и да постапуваат и согласно Законот за потрошувачи.
-Таму е предвидено ако се повторат такви прекршоци инспекторите може да изречат и казна забрана за вршење на дејност и до 1 година за нечесни практики кои се прават во трговијата посебно кога има одлуки на Владата – рече Бектеши.