Kоја карма да ти има Беким Сали „Мали Бујар“ министер стоматолог, да во твое време на минестерување ти умре човек од заб!, стоматолошки случај!?нели нешто е премногу труло во твојот начин на министерување???
Најголемиот советник на Беким Сали „Мали Бујар“ од највисок ранг стоматолог Елена Ристевска сега нека му помогне (шпиунот и местачот во сите влади перманентно),онаа мезимицата на Владимир Милошев кој две години по ред ја направи работник на годината ,а зошто е тоа така ,тоа добро си го знаат сите актери на оваа драмолетка..
Сега во оваа рашомонијада има само еден единствена позитивна страна на разрешување на немилиот настан,а тоа е фактот што го зема ЈО Штип случајот, но многу е интересно да видиме кој ќе ги стави во стручна комисија Беким Сали „Мали Бујар“ знаејќи дека има две правнички пензионерки на располагање и тоа Анка Георгиевска, Ангелина Бачановиќ, кои ги плаќа паушал по 40.000 денари месечно (мала пензија имале да се појача домашниот ЏТП), потоа стоматолози од типот на Елена Ристевска, Никола Грпчевски итн…..
Како исклучителен познавач на приликите во министерството за здравство,мислам дека Беким Сали „Мали Бујар“ следниот потез ќе му биде да ја префрли топката на Стоматолошка комора на Македонија и така да се разводни случајот со др.Милошев до недоглед ,од едноставна причина што и ЈО Штип ќе мора сакал или не да користи стручни мислења од вешти лица-Стоматолози, но ако се оди по она народната „Врана на Врана очи не вади“, тогаш и правдата ќе биде премногу слепа, како што впрочем се докажа и во безброј случаеви на „белата мафија“
Сашо Денесовски