Две средновечни жени се однесени на Токсикологија поради вдишување чад од пожарот кој изутрината избувна во Унверзалната сала.
Директорот на Клиниката за Токсикологија, Нико Беќаровски вели дека според првичните анализи, двете жени се во добра здравствена состојба.
– Досега се донесени две средновечни жени кои што се од соседната зграда. Кога се случил пожарот, со оглед на тоа дека им била отворена тендата, излегле надвор да ја затворат при што поголема количина на чад влегла и внатре во просторијата кадешто живеат. Едната имала мали проблеми околу свеста, меѓутоа не изгубила свест. Донесени се двете тука. Моментално се сè уште под опсервација. Добри се првите анализи, се надеваме дека по неколкучасовна опсервација ќе можат да ја напуштат клиниката – вели Беќаровски.
Екипата на Итната медицинска помош им укажала помош на терен уште на две жени, но немало потреба од нивна хоспитализација.