Со магичен гол Аргентинецот Лионел Меси му донесе победа на Интер од Мајами – неговиот нов клуб. Сите гледаа во фудбалерот со розевиот дрес. Медиумите пишуваат дека тој станал првиот играч на кој му се посреќило да ја погоди мрежата од слободен удар во дебитантски меч.
Се играше 93. минута, Интер доби слободен удар на дваесетина метри од голот на мексиканскиот Круз Азул, резултатот беше 1:1… Знаете кој го изведува ударот, знаете што ќе биде понатаму.
И тогаш – бум!
Меси. Големиот. Најголемиот. Неповторливо. Кратко трчање, шут, топката оди преку „ѕидот“, удира во горниот десен агол од голот на гостите. Голманот само со парада го подобри моментот. Стадионот е во делириум. Пиротехниката експлодира. Сопственикот на клубот ја стискаше главата.
Меси пристигна во Америка!
Дејвид Бекам, еден од сопствениците на Интер Мајами, со солзи радосници го проследи спектакуларниот гол на Лео Меси. Неговата реакција заедно со реакцијата на сестрите Кардашијан беше фатена на камера.