Велшкиот фудбалски репрезентативец Герет Бејл смета дека направил вистински потег со трансферот во Лос Анџелес.
– Многу сум среќен со овој трансфер. Ова е вистинското место за мене и моето семејство во оваа фаза од мојата кариера и едвај чекам да почнам да работам со тимот и да се подготвам да освојувам трофеи во Лос Анџелес – изјави Бејл на официјалната веб-страница на клубот.
Триесет и двегодишниот Бејл потпиша договорот со клубот од американската МЛС лига 1+1 година.
Претходниот клуб на напаѓачот беше Реал Мадрид, кој го напушти на крајот на сезоната по завршување на договорот.
Во сезоната 2021/22, Бејл одигра само седум натпревари за Реал и постигна еден гол.