Бегалецот Алили приведен во Битола, предаден во затворот Шутка

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Полицијата го пронајде затвореникот Ариф Алили од Кичево, кој издржува казна затвор во затворот „Скопје“ во Шутка. Тој треба да издржи уште осум месеци од три годишната казна која му е изречена. Информацијата за „А1он“ ја потврди директорот на затворот, Филип Андов.

– Осуденикот е пронајден и вратен во затворот. Пред да се оддалечи од затворот, беше сместен во отворено одделение. Со неговата постапка, односно прекршувањето на Правилникот на затворот, сега, тој ќе биде сместен во затворено одделение“, вели директорот за „А1он“.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека денеска во Битола бил приведен Ариф Алили и бил предаден во затворот.

– Денеска беше приведен бегалецот од КПУ Затвор Скопје на ул.„Димитар Илиевски Мурато” во Битола, А.А.(42) од Кичево. Тој бил осуден на казна затвор од три години, а бил баран по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Скопје заради бегство од затворот. Лицето е спроведено во установата за доиздржување на казната – соопштија од МВР.

Share This Article