Бебето било хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе, донесено рано утринава на Клиниката за детски болести, од Клиниката информираат дека е хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, тешка општа состојба и засегнати витални функции. Настапило рапидно влошување на состојбата, со отежнато дишење, со пад на сатурација, информираат од Министерството за здравство.

Станува збор за 14-месечно девојче.

„Телото на бебето е пратено на обдукција, по што ќе се утврдат причините за смртта. ДСЗИ, согласно надлежностите ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатото бебе било лекувано: на Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле, каде претходно се лекувало и на Клиниката за детски болести, каде денес во утринските часови било хоспитализирано и починало. Со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица на здравствените установи, како и на лекарите кои учествувале во претходно пружање здравствена заштита“, велат од МЗ.

Министерството за здравство во врска со овој случај ќе иницира комисија за стручен надзор во двете здравствени установи.

Министерство за здравство изразува сочувство до семејството и најблиските за оваа загуба.

Share This Article