Барселона својата превласт ја круниса на Олимпискиот стадион, каде сезонава ги игра домашните натпревари, за првпат во 20. минута кога Рафиња ја затресе мрежата на гостите од предградието на Мадрид.
Жоао Феликс во 53. минута ја зголеми предноста на Каталонците, а Френки де Јонг во 61. минута погоди за 3-0. Конечните 4-0 ги постави Фермин Лопез во втората минута од судиското продолжение.
Барселона собра 57 бода на 26 настапи и се доближи на пет бода од лидерот Реал Мадрид, кој има натпревар помалку. На третото место е Жирона со 56 бодови и исто така натпревар помалку од Барселона. Хетафе е на десеттата позиција со 34 бодови.