Познатиот македонски репрезентативец Енис Барди ќе прима годишна плата од 1,5 милиони евра во турскиот клуб Трабзонспор. Клубот ќе му плати три милиони евра на шпански Леванте за трансферот, а ќе има и 15 отсто од следниот трансфер на играчот.
Барди денеска е во Истанбул каде треба да го комплетира тригодишниот договор со Трабзонспор.