Бараше руско влијание во МПЦ-ОА и „изроди“ во ПОА

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Mинистерството за одбрана (МО) му дало отказ на државниот советник Петар Богојески, по покрената дисциплинска постапка против него, поради споделен линк од портал на фан-страница, а во врска со руско влијание во македонско-бугарскиот спор и во редовите на МПЦ-ОА, пренесе Дојче веле.

– Информиран сум за изречена мерка – отказ, по дисциплински престап. Во текот на вчерашниот ден имало обид за достава на таа одлука на неовластена адреса, а секако и до мене, но поради отсуство од работа, не е доставена. Ова е школски пример за прогон од власта кон неистомисленици, особено обид да се замолчи опозицијата со недозволени, недемократски средства – вели Богојески.

Тој тврди дека против него се воделе повеќе нарачани дисциплински постапки, со цел да биде замолчен како опозициски активист, лидер на „Македонски концепт“.

Отказот бил последниот чин, откако претходно со друга постапка бил распореден на пониска работна позиција. Имено, во февруари годинава, му била изречена дисциплинска мерка – распоредување на работно место во непосредно пониско ниво, заради однесување спротивно на одредбите на Кодексот од Законот за административни службеници. Причината, исто така, била личен политички коментар на Богојески на Фејсбук, во однос на Израел и Палестина, а постапката била покрената по пријава од надворешен субјект.

Додека таа постапка е во фаза на жалба пред второстепен орган, Богојески сега се соочува со последната мерка – отказ, поради случај кога споделил линк од текст кој говори за руско влијание во редовите на МПЦ-ОА. Тој искоментирал „дека рускиот обид за спречување на устоличувањето на МПЦ-ОА во православната екумена, нема да успее“, посочувајќи притоа претставник на Православната охридска архиепископија (ПОА) како „изрод“.

– Иронијата да биде уште поголема, јас сум обвинет за споделени вести за руско влијание во македонско-бугарските односи и во Македонија, нешто што го потврдија и бугарскиот и македонскиот премиер, но и низа министри и релевантни фактори – вели Богојески.

Share This Article