Банкротираше реномираната компанија за прецизна технологија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Банкротира уште една  традиционална германска компанија која на пазарот е позната веќе 200 години. Компанијата за прецизна технологија „Шумаг АГ“ (Schumag AG) има финансиски проблеми, но причина за банкротот е и хакерскиот напад кој ѝ се случи во септември.

Шумаг е позната по своите производи „Made in Germany“ и изработува прецизни делови со дијаметар од 0,3 до 60 милиметри кои се направени од нерѓосувачки челик и обоени метали. Компанијата  ја снабдува индустријата за моторни возила, медицинската технологија и технологијата на уреди, а позната е по највисок квалитет, пишува магазинот „Феникс“.

Компанијата остварува најголема продажба на меѓународните пазари.

Магазинот наведува дека покрај финансиските тешкотии, „Шумаг АГ“ за банкротот придонел и хакерски напад кој се случил на  22 септември кога била нападната корпоративна мрежа. Тогак биле хакирани сите податоци, па сега плановите за реструктуирање се неважечки.

Поради тоа, раководството на „Шумаг“ поднесе барање за независно управување со несолвентноста до надлежниот окружен суд во Ахен.

На работниците ќе им бидат исплатени платите во наредните три месеци, пишува магазинот „Феникс“.

Share This Article