Банките се плашат за својот профит, оценува ЕЦБ

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Понудата на кредити се затегнува додека банките во регионот внимателно ја набљудуваат експанзијата поради загриженост околу профитабилноста, наведува Европската инвестициска банка (ЕИБ) во последната  Анкетата за кредитирање на банките од Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Според Банката анкетата го нагласува континуираното затегнување на понудата на кредити во регионот.

„Додека јазот меѓу понудата и побарувачката се намали во споредба со претходните периоди, понудата на кредити останува ограничена во Србија, Албанија, Косово, Северна Македонија и Босна и Херцеговина“, се наведува во коментарот на анкетата.

Притоа се додава дека побарувачката за кредити од клиентите на банките остана отпорна и се очекува благо да се подобри.

„Фиксните инвестиции и малопродажбата, особено пазарот на недвижнини, имаа негативен придонес, но се очекува тие одново да почнат во наредниот период“, се наведува во коментарот.

ЕЦБ оценува дека наспроти претходните негативни очекувања, квалитетот на кредитите се подобри во последните шест месеци, но додава дека со оглед на послабите економски изгледи и повисоките каматни стапки, банките повторно очекуваат зголемување на нефункционалните кредити во следните шест месеци.

„И покрај тоа, сѐ поголем број банки ја изразуваат својата намера за селективно проширување на своето работење во регионот (50 %, зголемено од 45 % во последниот круг и 30 % во кругот пред тоа) или да го задржат истото ниво на работење. Повеќето регионални подружници имаат повисока профитабилност од целокупната група во однос на повратот на средствата и повратот на капиталот, особено во Чешка, Косово и Северна Македонија“, се наведува во коментарот на анкетата.

Од банката додаваат дека гледиштето на анкетираните  банки за нивната профитабилност значително се влоши од претходниот круг на анкетата, при што повеќе од 50 % од банките сега сигнализираат помала профитабилност во различни земји (Албанија, Хрватска, Унгарија, Полска и Романија) во споредба со вкупните операции на групата.

-Наодите од анкетата покажуваат дека затегнувањето на понудата на кредити што започна во 2022 година поради војната во Украина, инфлацијата, повисоките стапки и економското забавување, сè уште трае. Сите деловни сегменти се погодени од затегнати услови за снабдување, особено малите и средни претпријатија. Тука доаѓа улогата на ЕИБ. Глобално ќе продолжи да обезбедува поволно финансирање преку нашите финансиски посредници за малите бизниси во регионот за да им помогне да ги решат нивните финансиски ограничувања, да се декарбонизираат, да трошат и да создаваат нови работни места – изјви потпретседателот на ЕИБ, Киријакос Какурис.

- Advertisement -
Ad image

Според Дебора Револтела, главниот економист во ЕИБ, анкетата е витална алатка за следење на трендовите на банкарскиот сектор, како и факторите кои влијаат на кредитните стандарди и услови во регионот на ЦИЈИЕ.

– Таа ни овозможува да ги разбереме предизвиците со кои се соочуваат банките и дава вредни увиди во потребите за финансирање на компаниите и домаќинствата. Наодите ќе придонесат кон информирано носење одлуки и формулирање на политики – вели таа.

Share This Article