Банкарскиот сектор и натаму е стабилен и здрав, обезбедувајќи кредитна поддршка во текот на закрепнувањето на економијата од пандемичниот шок

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Монетарната политика на Народната банка е соодветна и придонесува за одржување на севкупната стабилност. Банкарскиот сектор и натаму е стабилен и здрав, обезбедувајќи кредитна поддршка во текот на закрепнувањето на економијата од пандемичниот шок. Истовремено, тој е клучниот столб на севкупната финансиска стабилност. Еден од главните предизвици за централната банка е растот на инфлацијата, којшто главно е резултат на глобални фактори на страната на понудата. Сепак, во последниот период се видливи и одредени преносни ефекти. Во вакви околности е потребна будност и внимателно следење на цените и на инфлациските очекувања и доколку е потребно, натамошно затегнување на монетарната политика за да се одржи ценовната стабилност на среден рок.

Ова се накусо оцените и препораките за централната банка на Македонија од заедничкиот дијалог со ЕУ за економијата и финансиите, којшто се одржува секоја година, и е дел од претпристапното усогласување на земјава. Вицегувернерката Емилија Нацевска ја претставуваше Народната банка на дијалогот со земјите од Западен Балкан и со Турција.

Вицегувернерката Нацевска посочи дека Народната банка навремено реагира на новонастанатите околности. Последните промени во глобалните економски услови се однесуваат на изразено повисоко ценовно ниво на увезените производи, општа зголемена неизвесност и затегнување на глобалните услови и делуваат врз домашната инфлација, но и врз побарувачката на девизи на девизниот пазар. Заради навремена реакција во врска со инфлациските очекувања и стабилизирање на девизниот пазар, Народната банка во два наврата умерено ја зголеми основната каматна стапка, продолжи со диференцирање на стапките на задолжителна резерва во домашна и во странска валута, а преку активноста на девизниот пазар директно придонесува за одржување на стабилноста на девизниот курс.

Вицегувернерката нагласи дека и покрај потребата за активно управување со овие тековни предизвици, а заради одржување на стабилноста, особено е значајно што Народната банка и натаму работи на реформските активности насочени кон дигитализацијата, поддршка на зелените финансии и финтек-секторот. На ваков начин, централната банка дава свој придонес кон структурната реформска агенда и ја зголемува отпорноста на економијата на шокови.

Share This Article