Банкарската корпорација „Голдман Сакс“ ја ревидираше својата прогноза за цената на нафтата следната година на 77 долари за барел

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Банкарската корпорација „Голдман Сакс“ ја ревидираше својата прогноза за цената на нафтата следната година на 77 долари за барел, додека Морган Стенли верува дека цените на фјучерсите на нафтата во 2025 година ќе се движат меѓу 75 и 78 долари за барел.

Двете влијателни банки на Волстрит очекуваат нафтениот пазар да биде со вишок следната година со што ќе се зголемат и резервите на нафта, а тоа ќе влијае на намалување на цените во текот на 12 месеци.

Аналитичарите на Голдман Сакс предупредуваат и на голем број сценарија кои би можеле дополнително да ја намалат цената на нафтата.

Меѓу сценаријата на Голдман,е и тоа кое вели дека нафтата Брент може да падне на 60 долари доколку кинеската побарувачка на нафта остане иста; 63 американски долари доколку САД воведат сеопфатна царина од 10% за увезената стока; и 61 долар доколку ОПЕК целосно ги повлече дополнителните намалувања од 2,2 милиони барели дневно до септември 2025 година.

Share This Article