Балканците може без виза да патуваат, но може да бидат и вратени од граница

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На неименувана жена од Србија граничната полиција во Германија ѝ одбила влез на аеродромот во Меминген. Исто така, истиот ден, на една државјанка на Босна и Херцеговина ѝ беше одбиен влез.

Двете жени не можеле да влезат во Германија, како што информираат од полицијата, а причините биле различни.

Првата жена, 52-годишна државјанка на Босна и Херцеговина, не можела да докаже дека има доволно пари за да остане во земјата, а освен тоа дала и нелогични изјави кога граничната полиција ја испрашувала за причината за нејзиното доаѓање. Поради тоа, ѝ бил одбиен влез во Германија.

Слична ситуација се случила и со 51-годишната српска државјанка, која веќе три дена го прекршила дозволениот престој во Шенген зоната од три месеци.

На Србинката исто така не ѝ бил дозволен влез, но е покрената кривична постапка за неовластен влез во државата, пишуваат германските медиуми.

Инаку, аеродромот Меминген, познат и како аеродром Алгау, е најмалиот комерцијален аеродром во Баварија и трет по големина по Минхен и Нирнберг, пишува „all-in.de“.

Во 2023 година, аеродромот забележа рекордни 2,8 милиони патници. Пред да стане цивилен аеродром во 2004 година, служел како воена база.

По Втората светска војна, аеродромот се користел за воени цели речиси 50 години, додека не бил затворен и претворен за цивилни летови.

Првите летови почнаа во 2007 година, а во 2008 година беше преименуван во аеродром во Меминген.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article