Падот на температурите и пријатното разладување ќе трае само уште неколку дена. Во втората половина на август метереолозите најавуваат удар на нов топлотен бран со температури над 40 степени.
Во овој период посилно ќе биде влијанието на африканскиот антициклон „Нерон“ врз временските прилики на Балканот.
– Ова јадро на топол африкански воздух повторно ќе ја подигне температурата на 40 степени, така што можеме да очекуваме тропски денови и ноќи и вистински летни горештини – вели српскиот метеорологот Иван Ристиќ.
Според прогнозите, африканскиот антициклон ќе влијае на временските услови до последните денови од август, кога се очекува крајот на последниот топлотен бран, кој може да ја подигне температурата на воздухот на 40 степени.