More

    Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” вечерва на репертоарот

    spot_img

    Во рамките на манифестцијата „Есенски музички свечености 2022″ на сцената на Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе биде изведена балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон”.

    Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон” е инспирирана од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо, зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата.

    Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена е Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло – Милчо Александров, а дизајн на шминкa – Златица Поповска. Асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова Користени се сценографски елементи од операта „Змејовата невеста” – сценограф Валентин Светозарев.

    Настапуваат: Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лочеи, Агим Бафтии и Ендру Кук.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img