More

    Бајден вети противтенковски и противвоздушни системи за Украина

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден денеска на самитот на НАТО во Брисел најави дека САД ќе ѝ испратат на Украина оружје и друга безбедносна и одбранбена опрема во вредност од една милијарда американски долари.

    – Во текот на изминатите неколку недели, САД одлучија да испратат безбедносна помош за Украина во вредност од милијарди долари. Зборувам за системи за противвоздушна одбрана, противтенковски оружја, беспилотни летала и милиони парчиња муниција – истакна Бајден.

    – Ги поздравувам чекорите што нашите сојузници ги преземаат за да обезбедат одбранбена помош за Украина. Заедно ќе идентификуваме и испратиме дополнителна опрема, вклучително и системи за противвоздушна одбрана, сѐ за да ѝ помогнеме на Украина – нагласи американскиот претседател.

    Тој го нарече формирањето на четири нови борбени групи во источниот дел на ЕУ, односно во Словачка, Романија, Бугарија и Унгарија, „силен сигнал“ дека НАТО „колективно ќе го брани и заштити секој дел од својата територија“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img