More

    Бајден: Треба да се разгледа улогата на странските инвеститори во финансирањето на милијардерот Илон Маск при купувањето на Твитер за 44 милијарди долари

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека треба да се разгледа улогата на странските инвеститори во финансирањето на милијардерот Илон Маск при купувањето на Твитер за 44 милијарди долари.

    Бајден смета дека поврзаноста на Маск со странските инвеститори треба да се провери.

    Американскиот претседател ова го изјави одговарајќи на прашање за време на прес-конференција дали акциите на сопственикот на Тесла со Арапите, во врска со финансирањето на купувањето на Твитер, претставуваат закана за националната безбедност на САД.
    Маск за купувањето на Твитер доби финансиска поддршка од саудискиот принц и милијардер Алвалид бин Талал и Катар холдинг, инвестициска компанија во сопственост на државниот фонд на Катар.

    – Соработката и техничките односи на Елон Маск со другите земји се вредни за внимание. Не велам дека прави нешто неправилно, но вреди да се провери – рече Бајден.

    Маск го финансираше најголемиот дел од купувањето на Твитер со сопственото богатство, но 7,1 милијарда долари обезбедија инвеститори, вклучително и милијардерот Лари Елисон, како и странски извори, како што се саудискиот принц Алвалид и Катар холдинг.

    „Важноста на Твитер како платформа за политичкиот дискурс во САД ги покренува импликациите за националната безбедност“, напишаа на 4 ноември аналитичарите од Институтот Брукингс, либерално ориентиран тинк-тенк. Според нив, договорот со Твитер треба да биде истражен од Комитетот за странски инвестиции во САД, или CFIUS, агенција која ги разгледува импликациите на странските инвестиции во американските компании врз националната безбедност.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img