Американскиот претседател Џо Бајден денеска по повод одлуката на американскиот Врховен суд за укинување на абортусот изјави дека ова е тажен ден за земјата и вети дека ќе направи сѐ што е во негова моќ за да ги заштити правата на жените.
– Одлуката на Врховниот суд буквално ја врати Америка 150 години наназад бидејќи ги постави државните закони од 1800-те кои го криминализираат абортусот како објаснување – рече Бајден во обраќањето во Белата куќа, откако Врховниот суд ја укина пресудата стара 50 години со која беше легализиран абортусот низ целата држава.
Тој додаде дека Врховниот суд им го одзел уставното право на Американките, пренесува Си-Ен-Ен.
– Не го ограничија, едноставно го одзедоа. Ова е тажен ден за судството и земјата – рече Бајден.