More

    Бајден се сомнева дека Трамп ќе дозволи мирен трансфер на власта, ако изгуби

    spot_img

    Претседателот на САД Џо Бајден изјави дека не е убеден дека во САД ќе има мирен трансфер на власта во јануари 2025 година, ако поранешниот претседател Доналд Трамп изгуби на изборите.

    -Тој мисли што вели. Ние не го сфаќаме сериозно. Тој мисли така. Сите тие зборови за ‘ако изгубиме, ќе има крвопролевање ќе бидат украдени [изборите],’ изјави Бајден во интервју за „Си-Би-Ес Њуз“ кое ќе се емитува во недела на 11 август.

    Ова е прво негово интервју откако најави дека се повлекува од претседателската трка во 2024 година и дека ја поддржува потпретседателката Камала Харис за претседателски кандидат од Демократската партија.

    -Погледнете што се обидуваат да направат сега во локалните изборни окрузи каде луѓето ги бројат гласовите – рече Бајден.

    Тој ја повтори познатата максима за изборите и демократијата: „Не можете да ја сакате својата земја само тогаш кога победувате“.

    Коментарот на Трамп за „крвопролевање“ што го даде на митинг во Охајо во март предизвика контроверзи, при што кампањата на Бајден и други демократи изразија загриженост, додека Трамп и неговите сојузници изјавија дека тој коментар се однесувал на економските последици од американската трговска политика.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img