Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, се обрати на Демократската национална конвенција во Чикаго каде од публиката беше пречекан и поздравен како јунак, пишува Еј-Пи њуз.
Во моментите кога се искачуваше на бината следеше аплауз, поради што актуелниот претседател на САД не можеше да се воздржи и се расплака пред да го одржи говорот, а го утеши ќерката Ешли.
– Америка, те сакам – започна претседателот.
Тој потоа ѝ се обрати на публиката.
– Луѓе, да ве прашам. Дали сте подготвени да гласате за слобода? Дали сте подготвени да гласате за демократија и за Америка? Дозволете ми да ве прашам, дали сте подготвени да ги изберете Камала Харис и Тим Волц? – праша Бајден.
Тој потоа се осврна на неговота функција како претседател.
– Пред речиси 4 години, пред Капитол, ја кренав десната рака и ви заколнав вам и на Бога дека ќе го чувам, штитам, ќе го бранам Уставот и верно ќе ги извршувам должностите на претседателот на САД. Пред мене беше градот. Зад мене Капитол кој само 2 недели пред тоа беше преплавен од насилна толпа. Уште тогаш знаев тогаш дека сега во Америка нема место за политичко насилство – додаде претседателот.
Американскиот претседател потоа нагласи дека тогаш победи демократијата.
– Верував и тогаш, верувам и сега дека е можен напредок. Правдата е достижна, а нашите најдобри денови не се зад нас. Тие се пред нас. Со благодарно срце, стојам пред вас во оваа августовска вечер и објавувам дека демократијата победи. Демократијата успеа и мора да се чува – рече Бајден.
Тој кажа и неколку зборови за републиканскиот кандидат Доналд Трамп.
– Доналд Трамп ја нарекува Америка пропадната нација. Кога зборува за пропаѓање на Америка како нација, тој вели дека изгубивме. Но, тој е губитник… Демонстрантите на улица имаат право. Многу невини луѓе гинат од двете страни – нагласи тој и порача дека оваа војна мора да се заврши.