Американскиот претседател Џо Бајден (80), кој најави кандидатура за уште еден претседателски мандат, се пошегува со годините за време на средба со новинари.
Бајден изјави дека покрај 92-годишниот медиумски магнат Руперт Мардок, личи на пејачот Хари Стајлс (29).
На годишната вечера со новинарите, Бајден се пошегува и дека е пријател на еден од основачите на САД, Џејмс Медисон (роден 1751 година).
Американскиот претседател традиционално прави пријателски шеги пред новинарите на вечерата на дописниците во Белата куќа.