Соединетите Американски Држави ќе пуштат уште 15 милиони барели нафта од стратешките резерви на пазарот во декември, објави Белата куќа.
Американската администрација се одлучи на овој потег со цел да ја стабилизира цената на горивото во земјата, како и цената на нафтата на светскиот пазар, пишува Њујорк Тајмс.
„Ова е драматична одлука на Белата куќа три недели пред изборите за Сенатот и Претставничкиот дом и по зголемената загриженост за сериозниот раст на инфлацијата оваа зима и војната во Украина. Со овие 15 милиони барели, ќе се потрошат сите 180 милиони барели што ги одобри за продажба претседателот Бајден на почетокот на годинава“, пишува весникот.