Бајден „се истрча“ по средбата со Си, Блинкен се скисели

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот претседател Џо Бајден го употреби зборот „диктатор“ да го опише владеењето на колегата Си Џинпинг катко откако имаше четиричасовни разговори со него и откако се договорија дека ќе ја продолжат воената комуникација, пишува Ројтерс. Во видео од изјавата на Бајден може да се види реакцијата на државниот секретар Антони Блинкен.

– Па видете сега, тој е диктатор. Диктатор во смисла дека е човек кој управува со земја која е комунистичка земја и којашто се заснова на форма на владеење целосно различна од нашата – рече Бајден.

Како одговор, кинеското Министерство за надворешни работи рече дека „остро се противи“ на забелешките, без да го спомене Бајден по име.

 

 

– Оваа изјава е крајно погрешна и неодговорна политичка манипулација – изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Мао Нинг за новинарите во четвртокот на рутински брифинг.

Тој додаде:

– Треба да се истакне дека секогаш ќе има некои луѓе со задни намери кои ќе се обидат да ги поттикнат и оштетат односите меѓу САД и Кина, тие се осудени на неуспех.

Мао одби да го прецизира идентитетот на „некои луѓе“ како одговор на следното прашање.

- Advertisement -
Ad image

Не му е првпат на Бајден да го нарече Џинпинг диктатор. Во јуни тој упати слична забелешка, а Кина одговори дека коментарот е апсурден и дека претставува провокација.

Share This Article