More

    Бајден: Путин греши што го напушти договорот за ограничување на нуклеарното оружје

    spot_img

    Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека рускиот претседател Владимир Путин направил „грешка“ кога го суспендирал учеството на Москва во договорот за контрола на нуклеарното вооружување Нов СТАРТ со Америка.

    Бајден, кој ја завршува четиридневната посета на Полска и Украина, за прв пат ја коментираше вчерашната најава на Путин за напуштање на договорот, велејќи дека ја осудува одлуката на Москва.

    Тој денеска заедно со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг беше главен гостин на попладневниот самит на Букурешт Девет во главниот град на Полска, Варшава, каде разговараше со лидерите на Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Полска, Романија и Словачка.

    „Кога Русија ја започна инвазијата, не беше тестирана само Украина. Целиот свет се соочи со предизвик“, изјави американскиот претседател од кралскиот замок во Варшава.

    Бајден им рече на членките на НАТО на источното крило дека неговата администрација е подготвена да одговори на заканите и другите влијанија поттикнати од жестоката руска инвазија на Украина.

    Тој вети дека Америка е цврсто посветена на договорот за меѓусебна одбрана и одбрана на Украина и рече дека „апетитите на автократите не можат да се смират“, но дека тие „мора да се надминат“.

    Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој минатата недела тврдеше дека Европската унија е делумно виновна за продолжувањето на руската војна во Украина, не дојде на средбата со Бајден, туку наместо тоа присуствуваше претседателот Каталин Новак.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img