More

    Бајден предупредува, ИСВ не се согласува

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека заканата на рускиот претседател Владимир Путин за употреба на тактичко нуклеарно оружје е реална. Претходно, Бајден го осуди руското распоредување на нуклеарно оружје во Белорусија нагласувајќи дека тоа е „апсолутно неодговорно“.

    -Кога бев тука пред околу две години и реков дека сум загрижен поради пресушувањето на реката Колорадо, сите ме гледаа како да сум луд. Ме гледнаа како да сум рекол дека сум загрижен поради тоа што Путин користи тактичко нуклеарно оружје. Тоа е реално – изјави Бајден пред група донатори во Калифорнија во понеделникот, пренесува Ројтерс.

    Но, од Институтот за воени студии (ИСВ) не се согласуваат со проценката на Бајден за ризиците од руското распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

    -ИСВ долго време проценуваше дека Русија најверојатно ќе го задржи тактичкото нуклеарно оружје во Белорусија за да ја консолидира де факто контролата врз Белорусија, но многу малку е веројатно дека распоредувањето на нуклеарното оружје во Белорусија ќе има влијание на бојното поле во Украина – пишува во анализата на ИСВ.

    Минатата недела, белорускиот претседател Александар Лукашенко рече дека неговата земја почнала да презема руско тактичко нуклеарно оружје. Дел од нуклеарното оружје, според Лукашенко е трипати помоќно од атомските бомби фрлени од САД на Хирошима и Нагасаки во 1945 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img