Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е „горд“ што е „првата црна жена што служи со црн претседател“ во последниот гаф. Една недела по неговиот катастрофален настап во дебатата, Бајден вчера даде интервју за радио станицата „Wurd“ во Филаделфија, пишува Дејли Телеграф.
– Патем, горд сум што сум, како што реков, првиот потпретседател, првата црна жена… која служела со црн претседател – рече тој.
Бајден беше потпретседател за време на двата мандати на Барак Обама, првиот црн претседател во американската историја.
Кога беше избран во Белата куќа, Бајден ја назначи Камала Харис, првата црна жена на таа позиција, за неговa потпретседателка.
Бајден во неколку наврати беше несигурен кога зборуваше во шоуто Ерл Инграм, кое е наменето за афроамериканцките слушатели во Висконсин, но исто така се емитува низ целата земја. На прашањето зошто гласањето е важно, Бајден даде одговор кој се чини дека се однесува на неодамнешната одлука на Врховниот суд да му даде значителен имунитет на Трамп од гонење.
– Ви треба некој, некој да се грижи за тоа. Врховниот суд штотуку донесе одлука, патем, која го загрозува американскиот принцип дека немаме кралеви во Америка. Никој не е над законот – рече тој.
Вчера, Бајден направи уште еден гаф за време на разговорот со семејствата на војниците, на јужниот тревник на Белата куќа. Тој го нарече Доналд Трамп, неговиот голем ривал и противник на претседателските избори, еден од „своите колеги“.
Најновите гафови веројатно ќе го зголемат притисокот врз Бајден да се откаже од трката, бидејќи Демократската партија станува сè позагрижена за неговите шанси да го победи Трамп во ноември.
Меѓу демократите сериозно се размислува Бајден да биде заменет со Камала Харис или со друг кандидат во трката. Во меѓувреме, внуката на Волт Дизни, Абигејл Дизни, го повика Бајден да се повлече од трката предупредувајќи дека, во спротивно, таа ќе престане да донира пари за партијата.