More

    Бајден: Ова е почеток на окупацијата, ќе има уште санкции

    spot_img

    Американскиот претседател Џозеф Бајден вечерва објави дека САД воведуваат санкции против руската елита, членовите на нивните семејства и две банки посочувајќи дека Русија има намера, како што наведе, да „присвои голем дел од Украина“.

    – Ова е почеток на руската окупација на Русија, со која ќе управува руската Дума. Ако Русија продолжи со оваа инвазија, ќе воведеме нови санкции – рече Бајден.

    Бајден најави дека во „првиот пакет“ санкции ќе блокира две големи руски финансиски институции – ВЕБ и Руската воена банка. Покрај тоа, тој најави дека „делови од руската економија ќе бидат отсечени од меѓународните финансиски системи“.

    – Како одговор на тоа, ќе почнам да воведувам санкции, многу поостри од чекорите што ние и нашите сојузници ги презедовме во 2014 година. Ако Русија продолжи со оваа окупација, ние сме подготвени да одиме уште понатаму – рече Бајден.

    Според Бајден, плановите на Путин се Русија да оди „многу подалеку“ во заземањето територии.

    – Путин синоќа ги овласти руските сили да се распоредат во тие региони. Денес тој тврдеше дека тие региони всушност се протегаат подлабоко од двете области што ги призна. Тој наоѓа изговор да заземе повеќе територија со сила, според мене, судејќи според неговиот говор во понеделникот, да оди многу подалеку. Ова е почеток на руската инвазија на Украина – рече Бајден.

    Американскиот претседател информираше и дека одобрил дополнителен трансфер на војници и воена опрема во Европа за зајакнување на балтичките сојузници, откако Путин нареди испраќање трупи во двете самопрогласени републики во источна Украина, што ги призна вчера.

    – Откако Русија призна дека нема да ги повлече своите војници од Белорусија, одобрив дополнителен трансфер на американски војници и опрема кои веќе се стационирани во Европа, со цел да ги зајакнеме нашите балтички сојузници, Естонија, Летонија и Литванија – рече Бајден.

    Тој додаде дека сака да појасни дека тоа се „целосно дефанзивни чекори“.

    – Немаме намера да се бориме против Русија. Сепак, сакаме да испратиме јасна порака дека САД заедно со своите сојузници ќе ја бранат секоја педа од територијата на НАТО и ќе ги исполнат своите обврски кон Алијансата – рече Бајден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img