More

    Бајден нема да го помилува својот син

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека нема да го помилува својот син Хантер, кому му се суди во Делавер под обвинение дека го прекршил законот кој им забранува на корисниците на дрога да поседуваат огнено оружје, објави Еј-Би-Си њус.

    Во интервју за Еј-Би-Си њус, тој одговори со „да“ на прашањето дали ја отфрла можноста за помилување за Хантер. Тој одговори и со „да“ на прашањето дали ќе ја прифати пресудата во судскиот процес кој почна неделава.

    Доколку биде осуден по сите точки од обвинението во Делавер, Хантер Бајден се соочува со затворска казна до 25 години, иако обвинетите обично добиваат пократки казни, според американското Министерство за правда.

    Хантер Бајден, чие судење почна во вторникот, е обвинет дека не пријавил употреба на дрога кога купил пиштол во 2018 година и нелегално поседувал пиштол 11 дена во октомври 2018 година.

    Тој се изјасни за невин.

    Хантер Бајден е прв син на американски претседател кој е кривично гонет додека неговиот татко се уште е на власт.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img