„Армиските хеликоптери помогнаа во напорите за сузбивање на пожарот на Големиот остров бидејќи сè уште има пожар на Големиот остров – не на оној што, не на оној што постојано го гледате на телевизија“.
Вака изјави американскиот претседател Џо Бајден додека се обидуваше да се сети на името на островот Мауи на Хаваи, пишува Дејли Мејл. Бројката на жртви од пожарот се искачи до најмалку 106, а спасувачките тимови се на терен.
Бајден беше критикуван од републиканците дека сѐ уште не отпатувал на островот, а тој денес изјави дека тој и сопругата Џил ќе отпатуваат на Хаваи штом можат.
– За тоа разговарав со гувернерот – рече Бајден.
Хаваи стана 50-тата држава членка на САД во 1959 година.