Бајден направи нов гаф, го замени украинскиот град Херсон со Фалуџа (ВИДЕО)

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Како да нема крај за гафовите што ги прави американскиот претседател Џо Бајден. Синоќа, за време на неговото обраќање во Белата куќа, тој направи уште една интересна грешка пред камерите.

Коментирајќи ја војната во Украина, на Бајден му се испушти, па украинскиот град Херсон го замени со градот Фалуџа во Ирак.

– Без оглед на тоа дали се повлекуваат Русите од Фалуџа… – изјави Бајден, па по интервенција на новинар се поправи и се потсети дека всушност зборува за Херсон.

Фалуџа е град во Ирак, во него се случи една од најкрвавите битки во склоп на американската интервенција во таа земја. Во 2004 година, поради големи загуби американските сили беа принудени да се повлечат од градот и дури по неколку месеци повторно успеаја да ја вратат контролата над него.

За потсетување, по големите загуби рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера им нареди на руските сили да се повлечат од градот Херсон. Многумина сметаат дека оваа одлука може да биде пресврт во војната со Украина, која веќе трае 9 месеци.

Во продолжение погледнете го видеото:

Share This Article