Бајден му ветил на Зеленски половина милијарда долари дополнителна воена помош

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
U.S. Vice President Joe Biden speaks during a joint press conference with Mexican President Enrique Pena Nieto at the National Palace February 25, 2016 in Mexico City, Mexico. Biden is in Mexico for talks on improving economic and commercial ties with Mexico.,Image: 275888567, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no

Американскиот претседател Џо Бајден најави половина милијарда воена помош за неговиот украински колега Володимир Зеленски. Тоа главно се однесува на системи за противвоздушна одбрана и артилерија.

Американскиот претседател Џо Бајден најави дополнителна воена помош во вредност од 425 милиони долари за неговиот украински колега Володимир Зеленски во телефонски разговор во средата, соопшти Белата куќа.

Соединетите Американски Држави планираат да и обезбедат на Украина десетици системи за противвоздушна одбрана со стотици проектили, дополнителни артилериски системи, значителни количини муниција и илјадници дополнителни оклопни возила во наредните месеци, објави Белата куќа.

Бајден планира да одржи виртуелен состанок на Контакт групата за одбрана на Украина на лидерско ниво во ноември. Таа средба беше закажана за 12 октомври во американската воздухопловна база Рамштајн, но Бајден мораше да ја откаже поради ураганот Милтон.

Бајден денеска отпатува за Германија, каде ќе се сретне со германските лидери на тема Украина и Блискиот Исток. Планираната посета на Ангола, каде Бајден требаше да отпатува по Германија, беше одложена за првата недела од декември.

Белата куќа објави и дека Зеленски го информирал Бајден за планот за победа против Русија, што Бајден го забележал и најавил дополнителни консултации. Се уште нема одлука за зелено светло за украински напади длабоко на руска територија со западно оружје.

Досега, САД и обезбедија на Украина воена и економска помош во вредност од околу 175 милијарди долари. Победата на републиканецот Доналд Трамп на ноемвриските претседателски избори ќе го доведе во прашање продолжувањето на оваа помош.

Share This Article