Американскиот претседател Џо Бајден утринава изјави дека не верува дека ќе има „сеопфатна војна“ на Блискиот Исток, регион кој е на раб поради израелските напади во Газа и Либан и ескалацијата на тензиите на Израел со Иран, и дека таквата војна може да се избегне, но треба да се направи повеќе за да се обезбеди тоа, пренесе МСН.
На прашањето од новинарите колку е уверен дека таква војна може да се избегне, Бајден застана и одговори:
– Колку сте сигурни дека нема да врне? Видете, не верувам дека ќе има сеопфатна војна. Мислам можеме да го избегнеме тоа, но имаме уште многу да направиме.
НЕТАНЈАХУ ЗНАЕ ДЕКА РАЦЕТЕ НА БАЈДЕН МУ СЕ ВРЗАНИ Америка ја изгуби контролата врз Блискиот Исток
Тој одговори и дали ќе испрати американски сили да му помогнат на Израел:
– Веќе му помогнавме на Израел. Ќе го заштитиме Израел.
Бајден веќе јавно кажа дека во својот одговор го советува Израел да не ги гаѓа иранските нуклеарни постројки. На новинарско прашање дали ќе го повика Израел да не ги напаѓа иранските нафтени постројки, тој рече:
– Знам дека нема потреба јавно да се преговара.
СОБОРУВАЈТЕ ГИ ИРАНСКИТЕ РАКЕТИ Бајден издаде наредба до американската војска
Тензиите меѓу Иран и Израел ескалираа додека Израел ги разгледува опциите како да одговори на нападот со балистички ракети на Техеран врз Израел во вторникот. Иран го изврши нападот како одговор на воената акција на Израел во Либан, односно како одмазда за смртта на лидерот на Хезболах Хасан Насрала.
Во неодамнешната воена акција на Израел во Либан загинаа стотици, ранети се илјадници и раселени се милион луѓе. Израел вели дека цели на либанските милитанти на Хезболах поддржани од Иран.
Во меѓувреме трае конфликтот во Појасот Газа кој започна лани на 7 октомври.