Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека основачот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, може да е во опасност бидејќи се обидел да се побуни во Русија.
– Би внимавал што јадам. Би внимавал на менито – рече Бајден на пресконференција во Хелсинки.
Блумберг наведува дека шегата на Бајден алудирала на, како што се истакнува, „руските безбедносни служби користат нервни агенси и полониум за да ги убијат политичките непријатели на Владимир Путин“.
На пресот Бајден рече и дека конфликтот во Украина не би требало да трае со години, наведувајќи дека Владимир Путин веќе ја изгубил војната, пишува Си-Ен-Ен.
Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, денеска изјави дека „нема сомнеж“ дека Украина ќе влезе во НАТО по завршувањето на војната со Русија.