Претседателот Џо Бајден ги обвини палестинските власти дека лажат за бројот на загинати цивили во Газа, тврди американскиот магазин „Њузвик“. Весникот пишува дека Бајден на пресконференција во средата дал забелешка во врска со драстично различните бројки за жртви кои ги објавуваат двете страни во војната.
– Ми велат дека јас не знам дека Палестинците ја кажуваат вистината за тоа колкумина се убиени… Сигурно дека се убиени невини и тоа е цената на водење војна… Израелците треба да бидат неверојатно внимателни за да бидат сигурни дека се фокусираат да одат по луѓето што ја пропагираат оваа војна против Израел и тоа е против нивниот интерес кога тоа не се случува, но јас немам доверба во бројот што го користат Палестинците – изјави Бајден.
Ова беше одговорот на американскиот претседател на прашањето дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го игнорира барањето на САД да се минимизираат цивилните жртви во Газа.
Според израелските власти, 1.400 луѓе во Израел се убиени од средата, објави Асошиејтед прес. Бројките презентирани од палестинските власти се неколкукратно поголеми. Палестинското министерство за здравство, со кое раководи групата Хамас, објави дека 6.546 Палестинци починале. Големи разлики имаше и во бројките на убиените во болницата Ал Ахли од стотина до 500, според палестинските власти.
Бајден ја повтори и позицијата на Америка за „решението со две држави“. Тој став претходно, во понеделникот, тој го искажа на социјалната мрежа Икс.
„Колку и да е тешко, не можеме да се откажеме од мирот. Не можеме да се откажеме од решението со две држави. Израелците и Палестинците подеднакво заслужуваат да живеат во безбедност, достоинство и мир“.
фото: craiyon.com