Бајден: Борбата на Украинците соочени со руската агресија го доловува духот на Денот Д

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот претседател Џо Бајден на денешната прослава на 80-годишнината од операцијата во Нормандија вели дека борбата на Украинците соочени со руската агресија го доловува духот на Денот Д, јавува Би-Би-Си.

Битката на Нормандија е најголемата поморско-десантна операција во историјата, а со таа битка во 1944 година почнал пресвртот против нацистичка Германија во Втората светска војна што довел до победа на сојузниците.

Споредувајќи ја со битката на Нормандија, Бајден ја опиша војната во Украина како дел од бескрајната борба меѓу диктатурата и слободата.

– Украина е нападната од тиранин, тие се борат со извонредна храброст, трпат големи загуби, но никогаш не се повлекуваат.

Тој вети дека НАТО и пошироката проукраинска меѓународна коалиција ќе застанат цврсто со Украина и „нема да заминат“.

Американскиот претседател го нарече НАТО „најголемиот воен сојуз во светот“ и дека Алијансата е „порешителна од кога било да го задржи мирот“.

– Изолацијата не беше одговорот пред 80 години и не е одговорот ниту денес – додава Бајден.

Share This Article