Енергетската криза останува приоритетен проблем за компаниите и ќе се одрази на нивната ликвидноста. Но,клучно прашањето за бизнисот е инвестирањето во квалификувана работна сила како и вреднување на работникот согласно вложувањата.
Ова го констатираа на средбата директор на Делегацијата на германското стопанство во земјава Патрик Мартенс и претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.
Мартенс од името на германските инвеситори ја потпиша Декларацијата за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки, што ја усвои Собранието на Комората на 14 јули по повод 100-годишнината во која се бара нов економски договор, како и враќање од партиските агенди на државната агенда, бидејќи само државната агенда може да го зачувува бизнисот и неговиот развој како единствен кохезиски фактор во државата.
Како што соопшти коморатта, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, изрази благодарност за довербата што Делегацијата на германското стопанство ја покажува со чинот на потпишување на Декларацијата, потенцирајќи дека во интерес на заедничката идна соработка е и одлуката Комората да учествува на манифестацијата што во ноември месец ја организира Германското бизнис здружение во државата.
-За Северна Македонија, Република Германија има клучно значење бидејќи е најголемиот бизнис партнер на македонското стопанство – рече Азески.
Мартенс, исто така акцентираше дека бизнис соработката на двете земји е од обостран интерес и дека има поле за проширување на истата. Во следниот период потенцијал за нови бизнис зделки гледа во повеќе сектори но особено во текстилот.
Досега Декларацијата ја потпишаа повеќе од 150 субјекти, компании членки на Комората, а од надворешните институции прв потписник е Македонската академија на науките и уметностите. Во наредните денови тоа ќе го направат и ректорите на државните универзитети во Македонија.