Азески денеска во уште три голми компании

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Делегација на Стопанската комора, предводена од претседателот Бранко Азески денеска ќе ги посети компаниите „Еуроникел” (поранешен ФЕНИ), „Кожувчанка” и „Металопромет-Струмица”.

Целта на посетата, како што се наведува во најавата, е Комората да даде поддршка на компаниите кои се наоѓаат во исклучително тешка состојба предизвикана од енергетската криза.

Стопанската комора информира дека деновиве е во интензивни разговори со своите членки, со цел во јавноста да ги реафирмира нивните барања за ублажување на последиците од кризата.

Share This Article