More

    Азербејџан и Ерменија меѓусебно се обвинуваат за артилериски напади на границата

    spot_img

    Ерменија и Азербејџан денеска меѓусебно се обвинија за артилериски напади на границата, во време кога се интензивираат меѓународните напори за смирување на односите.

    Баку и Ереван се расправаат за регионот Нагорно-Карабах во последните триесет години.

    „Азербејџанските сили истрелаа артилериски и ракетни проектили врз ерменските позиции во регионот Сотк, во источна Ерменија“, соопшти ерменското Министерство за одбрана.

    Во тоа гранатирање се ранети тројца ерменски војници, се вели во соопштението, додавајќи дека ерменските сили презеле „соодветни одбранбени мерки“.

    Министерството за одбрана на Азербејџан ја обвини Ерменија дека со оружје од голем калибар ги гаѓа азербејџанските позиции на границата, нарекувајќи го тоа „провокација“.

    „И покрај предупредувањата да престане со провокациите, ерменската страна повторно го прекрши прекинот на огнот“, се вели во соопштението на азербејџанското Министерство, додавајќи дека еден од нивните војници бил ранет од ерменски оган синоќа и дека гранатирањето продолжило и утринава.

    Инцидентот се случи во време кога меѓународната заедница се обидува да ги смири тензиите меѓу двата соседа и да ги обнови мировните преговори.

    Лидерите на Ерменија и Азербејџан, Никол Пашинјан и Илхам Алиев, во недела се среќаваат во Брисел, соопшти Европската унија, која ќе биде посредник на таа средба. Таа беше организирана по интензивни разговори што се одржаа четири дена на почетокот на мај во Вашингтон меѓу ерменската и азербејџанската делегација, под покровителство на САД.

    Според Вашингтон, за време на тие преговори е постигнат „опиплив напредок“ и на повидок е мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан.

    Двете земји се судрија во две војни во раните 1990-ти и 2020 година околу контролата врз Нагорно-Карабах, планински регион со мнозинско население Ерменци, кој се отцепи од Азербејџан пред повеќе од три децении.

    Конфликтот во 2020 година околу контролата на регионот Нагорно-Карабах заврши со мировен договор, кој ја призна победата на азербејџанските сили. Договорот е постигнат со помош на Русија.

    Москва е во мировна мисија во областа од 2020 година, но сега, додека Русија е зафатена со својата воена офанзива во Украина, тензиите постојано се зголемуваат во Нагорно-Карабах.

    Веќе високите тензии дополнително ескалираа кога Баку на 23 април објави дека го поставил првиот контролен пункт на патот што влегува во коридорот Лачин, единствениот што ја поврзува Ерменија со сепаратистичката енклава Нагорно-Карабах. Енклавата веќе беше под повеќемесечна блокада, што предизвика недостиг и прекин на електричната енергија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img