Автори може да се пријават за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Националната установа – манифестација Струшки вечери на поезијата денеска објави конкурс за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 јуни 2022 година до 31 мај 2023 година.

На конкурсот, кој ќе трае до 25 јули, како што е наведено, може да биде пријавена и книга објавена двојазично, каде поетското творештво на македонски е оригинално создадено, односно, не е превод од друг јазик.

– Пријави можат да поднесат авторите или нивните издавачи со согласност од авторот, а еден автор или издавач може да учествува со неограничен број наслови. Пријавените поетски книги треба да се првообјавени во периодот за кој се доделува наградата и да не бидат претходно објавени на друг јазик. Можат да бидат пријавени само дела од еден автор, додека коавторски дела се неприфатливи. Книгите мора да имаат ISBN број – стои во конкурсот на СВП.

Според конкурсот, книги од членови на Управен и Надзорен одбор на СВП, директорот на институцијата, вработени или членови на жири-комисијата и нивни поблиски роднини нема да бидат прифатени.

Авторите или издавачите за учество на конкурсот мора да испратат шест примероци од книгата на адреса: НУ манифестација „Струшки вечери на поезијата“, поштенски фах 111, „Браќа Миладиновци“ бр.5, 6330 Струга, Република Северна Македонија.

Share This Article