Автопатот Атина – Солун попладнево ќе биде отворен и во двата правци, но само за автомобили и возила до 3,5 тони, а сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, јави дописничката на МИА од Атина.
Од компанијата која управува со автопатот соопштија дека денеска во 17 часот по локално време ќе биде пуштен за сообраќај делот околу Лариса што беше затворен поради излeвањето на реката Пиниос.
Сообраќајот ќе се одвива регуларно во двата правци, но само по левата лента.
За тешките возила, за кои сега постои забрана, дополнително ќе излезат со соопштение откако ќе завршат со потребните проверки.
Сообраќајот на автопатот Атина – Солун, во делот околу Лариса беше во прекин од саботата.
фото: МИА