Автомобили згмечени до непрепознатливост, спасувачите вадат тела! Досега 11 загинати и 57 повредени

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Катастрофална сообраќајна несреќа се случи во Турција, а локалните медиуми јавија дека во верижен судар на северозападот од земјата загинале 11 лица, а повеќе од 57 се повредени.

Во верижната несреќа учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северенa Мармара во близина на населбата Дагдиби во провинцијата Сакарија.

 

 

Предните делови на автобусот се речиси смачкани, а спасувачките екипи ги изнесуваат телата на настраданите. Автомобилите се целосно уништени. На терен се голем број полицајци, пожарникари и медицински техничари.

Причината за несреќата сѐ уште не е позната, јавуваат турските медиуми. Известено е дека подрачјето е покриено со густа магла и видливоста е исклучително слаба, а патиштата се речиси непроодни. Гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз за локалните медиуми изјави дека 57 лица се повредени и пренесени во болница, а седуммина се во тешка состојба.

 

 

„Според првите сознанија, најголем број загинати во несреќата предизвикал третиот автобус кој удрил во патниците кои излегле од возилото. Полицијата е на лице место и истрагата е во тек“, изјави Карадениз.

- Advertisement -
Ad image

 

Share This Article